Македонски производи ќе се тестираат во Индонезија

Bez autora
Jul 18 2013

Вкупно 20 македонски производи, кои имаат Халал Сертификат ќе бидат тестирани во наредните денови во еден од најголемите синџири на супермаркети во Индонезија. Со над 238 милиони жители, Индонезија е четвртата најнаселена држава во светот и е земја со најголем број на муслимани. По минатогодишната посета на Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски во Индонезија, и по вложениот труд за преговори за пласман на македонски производи на индонезискиот пазар, продолжува економската соработка помеѓу Македонија и Индонезија. Извршниот директор на Македонскиот совет за Надворешна трговија Азија-Пацифик, Владимир Кофчегарски, како дел од роуд шоуто во Југоисточна Азија, во последните два месеци, деновиве во Џакарта се сретна со претставници од Стопанската комора на Индонезија – Кадин, каде заедно со Оливер Оехмс – Виш советник за Трговија и Инвестиции, Хари Ханави – Претседател за безбедност на храна и член на Одборот на Стопанската комора и Фачри Тхаиб разговараа за инвестициските потенцијали на Македонија како и за намалувањето на трговскиот дефицит од 100 милиони кој Македонија го бележи со Индонезија.

Македонски производи ќе се тестираат во ИндонезијаВкупно 20 македонски производи, кои имаат Халал Сертификат ќе бидат тестирани во наредните денови во еден од најголемите синџири на супермаркети во Индонезија.

Со над 238 милиони жители, Индонезија е четвртата најнаселена држава во светот и е земја со најголем број на муслимани

По минатогодишната посета на Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски во Индонезија, и по вложениот труд за преговори за пласман на македонски производи на индонезискиот пазар, продолжува економската соработка помеѓу Македонија и Индонезија.

Извршниот директор на Македонскиот совет за Надворешна трговија Азија-Пацифик, Владимир Кофчегарски, како дел од роуд шоуто во Југоисточна Азија, во последните два месеци, деновиве во Џакарта се сретна со претставници од Стопанската комора на Индонезија – Кадин, каде заедно со Оливер Оехмс – Виш советник за Трговија и Инвестиции, Хари Ханави – Претседател за безбедност на храна и член на Одборот на Стопанската комора и  Фачри Тхаиб разговараа за инвестициските потенцијали на Македонија како и за намалувањето на трговскиот дефицит од 100 милиони кој Македонија го бележи со Индонезија.

“Оваа посета се одржи со цел да се продолжи она што го започна Министерот за надворешни работи Никола Попоски, од страна на Македонската Влада. Нашата примарна цел е намалување на трговскиот дефицит, а воедно и за презентација на Македонија како поволна инвестициска дестинација за Индонезиските компании, а и за промоција на туристичките потенцијали на нашата земја”, изјави Кофчегарски

“Ги повикуваме македонските компании да инвестираат во Индонезија. Спремни сме да им помогнеме на Вашите корпорации кои би биле заинтересирани за влез во Југоисточна Азија преку Индонезија. Иако сте мала земја, сепак имате шанса за прогрес во Југоисточна Азија, особено во Индонезија”,изјави Оливер Оехмс.

Индонезија претставува економски лидер во Југоисточна Азија со годишен раст од 6,8% и популација од 250 милиони жители. Растот на економијата се должи на државната интервенција, каде 160 – те корпорации во сопственост на Државата, претставуваат основа на Индонезиската економија.

Покрај состанокот со Стопанската комора, Македонскиот совет за Надворешна трговија имаше одделни средби со неколку клучни инвеститори кои се заинтересирани за влез во Европа преку Македонија.

“Имавме средба со некои потенцијални инвеститори, каде ја презентиравме Македонија како одлична дестинација, односно како влезна врата на Индонезиските компании во Европа. Веќе добивме најава за посета во октомври годинава, каде на лице место ќе се уверат во нашите потенцијали и можности од каде нивните производи ќе можат да се пласираат во според нив лукративниот Европски пазар” , додаде Кофчегарски.

Македонскиот совет за Надворешна трговија Азија – Пацифик, како дел од ова роуд шоу, продолжува со својата агенда и отварање на нови пазари за македонските производи во Југоисточна Азија.

“Индонезија е одличен пазар за нас и нашите производи со Халал Сертификат. Имавме средба со еден од најголемите хипер-маркети во Индонезија каде лично ги презентиравме Македонските производи. Одбрани се 20 произвои кои треба да го поминат тестот пред нивните конзументи, каде по оваа процедура, следи регистрација на одбраните производи и склучување на ексклузивни договори. Уверен сум дека на почетокот на следната година Македонските производи ќе влезат на овој пазар”, информираше додаде Кофчегарски.

Со оваа посета, Македонскиот совет за Надворешна трговија Азија – Пацифик, го заврши двомесечното роуд шоу во Филипините, Тајланд, Виетнам, Малезија и Индонезија каде Македонија е презентирана како одлична дестинација за инвестиции и веќе се склучени договори за соработка со неколку дистрибутери на храна кои македонските производи наскоро ќе се најдат на полиците во супер-маркетите во овие земји.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik